Утрински Весник
Скопје

Посебен сообраќаен режим поради одржување атлетска трка

Policija Stop.jpg

МВР ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток од 09.00 часот поради одржување на атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

Изгубено е 8 годишно дете – Виктор последен пат е виден на Плоштад

(Фото/Видео) Згради никнуваат во паркот во Ѓорче Петров

Одбележан патрониот празник на општина Илинден