
Денеска (17.02.2026) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протест што ќе го организира Сојузот на синдикати на Македонија. Протестот е најавен со почеток од 11:00 часот и ќе се одржи пред Владата на Република Северна Македонија, на потегот кај булеварите „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека, доколку се појави потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници, со цел непречено и безбедно одвивање на протестот и сообраќајот во централното градско подрачје.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот, а од надлежните институции апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници.
Се препорачува граѓаните да планираат дополнително време за движење низ центарот на градот и, доколку е можно, да користат алтернативни сообраќајници.

