Утрински Весник
Скопје

Посебен режим на сообраќај за 1 Мај во Скопје

Vo Skopje Vremen Soobrakjaen Rezhim Za Praznichniot Vikend 251047 135731.jpg

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре, 1.05.2025, со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р. Македонија.


СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Камениот мост во Скопје добива нов сјај

Герасимовски: „Фолклорот како живо наследство”,  голем настан во Паркот на Франкофонија со народни  ора и песни, носии и ракотворби

Контролори на ЈСП казнуваат граѓани бидејќи доцни СМС сервисот за купени билети тврди Левица