Утрински Весник
Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради ноќната меѓународна атлетска трка

Soobrakaen Rezim.jpg
Dik 300x250 mk

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Настанот ќе се одвива со следната траса на движење – од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, до крстосница со ул.„Даме Груев“, полукружно назад по истата улица, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“, полукружно назад по истата улица, десно по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта „Македонија“ во Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ со цела сила на Карпош: Лажни ботови и фабрика за дезинформации против Стевчо Јакимовски

Ѓорѓиевски: Се реконструира улицата „Жил Верн“, продолжуваме да го уредуваме секој дел за побезбедна и поубава Кисела Вода и Скопје

Николоски: Започна проектот Градски воз, првата линија готова за сообраќај средина на следната година