Утрински Весник
Македонија

Портокалово ниво за опасност од високи температури, промена на времето од петок

Toplo.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Како што најавува УХМР, во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Промена на временската состојба се очекува од петок.

Можете да прочитате

Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс

Цистерна се преврте на патот Струга – ГП Ќафасан, сообраќајот во прекин

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени