Утрински Весник
Македонија

„ПОРШЕ“ СО 168 КМ/Ч НА ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД 80 – возачот заврши со лисици на Табановце

Img 2372.jpeg

Холандски државјанин бил лишен од слобода денеска на Граничниот премин „Табановце“, откако при полициска проверка било утврдено дека системот „Safe City“ го евидентирал како сторител на кривично дело поради безобѕирно управување со моторно возило.

Според информациите од полицијата, околу 13:15 часот, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле контрола на автомобил „порше“ со холандски национални ознаки, управуван од 35-годишниот М.А., државјанин на Холандија.

При проверката било утврдено дека возачот претходно бил регистриран од системот „Safe City“ како се движи со брзина од дури 168 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

Тоа значи дека се движел со 88 километри на час над дозволеното ограничување.

Според полицијата, случајот е евидентиран како кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-А од Кривичниот законик.

Возачот бил лишен од слобода на граничниот премин, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Детали од МВР: Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон петмина, загина 26-годишник во Скопје

ЛДП: ВМРО да докаже оваа недела дали приоритет им е Законот за Пандов или Законот за укинување на двојното државјанство

Македонија го почнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка