Утрински Весник
Свет
Img 7972

Поранешниот премиер Имран Кан од затвор прогласи победа на изборите

Download 3 1.jpg
300x250 opst2

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан денеска од затвор прогласи победа на општите избори во земјата, преку аудио-визуелна порака направена со помош на вештачка интелигенција (АИ).

Во пораката објавена на платформата X, Кан го отфрли тврдењето на неговиот ривал, поранешниот премиер Наваз Шариф, за победата на неговата партија PLM.

Кан ги повика своите приврзаници да ја прослават постигнатата победа, и покрај, како што вели, пресметка со неговата партија.

Независните кандидати поддржани од Кан освоија најмногу гласови на изборите во четвртокот, и покрај тоа што тој беше во затвор и неговата партија беше забранета на гласачките ливчиња.

Претходно денеска Шариф објави дека неговата партија Пакистанската муслиманска лига победила на парламентарните избори во земјата, но не откри колку пратенички места освоила.
Резултатите што ги објави изборната комисија покажуваат дека ПМЛ освоила 42 пратенички места, што е многу помалку од потребните 133 за да се добие правото за формирање влада.

На почетокот на неделава Кан (71) беше осуден на 10 години затвор за оддавање државни тајни и на 14 години затвор заедно со неговата сопруга за корупција, односно нелегална продажба на државни подароци.

Тој се уште се соочува со околу 170 обвиненија во различни случаи, велат неговите адвокати.

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор