Утрински Весник
Свет

Поранешниот пакистански премиер ослободен со кауција

Поранешниот пакистански премиер ослободен со кауција

Пакистанскиот суд нареди поранешниот премиер Имран Кан да биде ослободен на две недели со кауција, изјави неговиот адвокат во петокот бидејќи неговото апсење предизвика масовни протести и судир со војската.

dobivaj vesti na viber

Апсењето на Кан, кое Врховниот суд го прогласи за невалидно и незаконски еден ден претходно, предизвика нестабилност во земјата со 220 милиони жители погодена од економска криза, рекордна инфлација, слаб економски раст и одложување на помошта од ММФ.

„Нема оправдување да ме уапсат. Бев киднапиран. Тоа е како законот на џунглата“, изјави Кан за британскиот весник „Индипендент“ во Високиот суд во Исламабад.

Речиси 2.000 демонстранти беа уапсени во насилството од вторникот кога Кан беше приведен од антикорупциската агенција.

Најмалку осум лица загинаа во судирите со полицијата. Демонстрантите нападнаа воени згради и запалија некои други владини згради и имот поради што владата ја повика армијата да го врати редот.

„Вишиот суд во Исламабад го ослободи со кауција на две недели и нареди да не биде уапсен во тој период“, изјави неговиот адвокат Фајсал Чаудри по сослушувањето.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина

ОН: Алармантна неисхранетост во Газа, децата се во опасност

Такер Карлсон за „Билд“: „Не го бранам Путин, но Русија се издигнува, додека Германија тоне“