Утрински Весник
Свет

Поранешниот генерал на НАТО, Петр Павел, е нов претседател на Чешка

Поранешниот генерал на НАТО, Петр Павел, е нов претседател на Чешка
300x250 (7)

Поранешниот генерал на НАТО, Петр Павел, стана нов претседател на Чешка, победувајќи го Андреј Бабиш на изборите.

dobivaj vesti na viber

Со Петр Павел, Чешка за нов претседател ќе има поранешен генерал и поранешен претседател на воениот одбор на НАТО.

Ss1

Павел, кој пред само неколку години беше непознат за поголемиот дел од чешката јавност, победи во вториот круг од изборите на 27 и 28 јануари, со околу 58 отсто од гласовите. Неговиот противкандидат, популистичкиот олигарх и поранешен премиер Андреј Бабиш, доби само 42 отсто.

Пред падот на комунизмот во декември 1989 година, сега 61-годишниот Петр Павел беше член на Комунистичката партија, како и повеќето професионални војници. Toj има посетувано и обука за разузнавање во чехословачката армија.

Славната воена кариера на Павел, која започна во елитна падобранска единица, кулминираше со неговото назначување за началник на Генералштабот на чешката армија (2012 – 2015) и неговиот последователен избор за претседател на Воениот комитет на НАТО. Во 2018 година генералот се пензионираше.

Павел, кој за време на изборната кампања се обидуваше да се претстави како независен, аполитичен кандидат, природно покажа висок степен на познавање на воените и меѓународните прашања.

Мирен и достоинствен, Павел освои многу Чеси со својата решителност, но и со наклонетоста кон моќните мотори. Некои велат дека неговата сличност со основачот и првиот претседател на Чехословачка Томаш Масарик (1850-1937) одиграла значајна улога.

Ss1

Можете да прочитате

САД почнаа преговори за повлекување на 1.000 американски војници од Нигер

Од масовни гробници во болницата Насер за три дена ексхумирани над 200 тела

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад