Фудбалерот на „Хатајспор“ и поранешен играч на „Челзи“, Кристијан Атсу, по 12 дена потрага утрово беше пронајден мртов под урнатините.
Со денови спасувачите се обидуваат да најдат преживеани под луксузната 11-катница, а од него немаше ни трага.
Во јавноста кружеа две теории за тоа каде би можел да биде, но за жал, ниту една од нив не беше вистина, а мрачните претчувства се остварија. Иако термо-камерите покажале дека пет лица даваат знаци на живот под урнатините, спасувачите не успеале да пронајдат преживеани.
Кристијан одиграл натпревар ноќта пред земјотресот од 7,7 степени, а по мечот отишол кај соиграчот Сем Адекугбе и останал со него до доцна во ноќта.
Се претпоставува дека тој пристигнал во својата куќа околу 3:30 часот, приближно во моментот кога се случил првиот удар, кобниот по зградата во која живеел загинатиот фудналер бил вториот земјотрес по кој се урнала.
Колку немал среќа, сведочат и зборовите на менаџерот на „Хатајспор“, Фатих Илек, кој откри дека ден пред земјотресот Атсу го откажал авионскиот билет.
„Ноќта пред земјотресот, кога постигна гол против „Касимпаша“, реши да не патува и да остане со соиграчите“, откри Илек во интервју за „Раидоспор“.
„Кристијан му кажа на тренерот дека му треба повеќе време за размислување. Сакаше да оди во странство кај своето семејство. Како си поигра судбината со него? Имаше авионски билет за 23:00 часот, прво требаше да лета за Истанбул, а потоа во Франција. Го откажа. Каква трагедија“, изјави Илека.