Утрински Весник
Македонија

Поранешен в.д. медицински директор си ја вработил снаата

Lekar.webp.webp
Dik 300x250 mk

Државната корупција за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница констатираше судир на интереси кај поранешен медицински директор на здравствена установа, бидејќи имал удел во вработувањето на неговата снаа со договор на дело.

На седницата на Антикорупциска беше посочено дека тој за време на извршувањето на функцијата в.д. директор на јавна здравствена установа, не побарал да биде изземен кога се вработувала снаата за син.

– На таков начин, таа била вработена во јавната здравствена установа, а тогашниот в.д. директор се нашол во состојба за судир на интереси и го прекршил Законот за заштита од корупција и судир на интереси.

Тој за оваа постапка платил прекршочна глоба, по што бил разрешен од Министерството за здравство, истакнаа од ДКСК на денешната 11. седница.

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената