Утрински Весник
Свет

Поранешен советник на шефот на Пентагон: Многу земји ќе престанат да ги чуваат своите резерви во САД доколку бидат запленети руските средства

Macgregordouglas 010219youtube.webp.webp

Поранешниот советник на шефот на Пентагон, полковник Даглас Мек Грегор, изјави дека многу земји ќе престанат да ги чуваат своите резерви во САД доколку Западот ги заплени руските средства.

-Слушајте, ние ќе заплениме 300 милијарди долари имот што и припаѓа на Русија, а потоа илегално ќе ги пренесеме во Украина. Само застанете и размислете. Замислете се на местото на Индија, Кина, Бразил, Саудиска Арабија. Погледнете што се случува. Зошто побогу би ги чувале своите средства во американски благајни – го постави прашањето полковникот Мек Грегор во интервју со новинарот Стивен Гарднер.

Тој предупреди дека Вашингтон со своите постапки паѓа во џиновска замка и дека „земјите кои имале удел во американските државни обврзници наскоро ќе почнат масовно да се ослободуваат од нив“.

По почетокот на Специјалната воена операција во Украина, ЕУ и земјите од Г7 замрзнаа речиси половина од девизните резерви на Русија во износ од околу 300 милијарди евра.

Приближно 200 милијарди се лоцирани во Европската унија, главно на сметките на белгискиот „Еуроклиар“, еден од најголемите светски системи за порамнување. „Еуроклир“ на крајот на октомври објави дека во деветте месеци од 2023 година заработила околу три милијарди евра камата од инвестирање во санкционирани руски средства.

Кремљ изјави дека носењето такви одлуки „би било уште еден чекор во кршење на сите правила и норми на меѓународното право“. Министерството за надворешни работи го нарече кражба замрзнувањето на рускиот имот во Европа, истакнувајќи дека Брисел ги таргетира не само средствата на приватни лица, туку и државните средства на Русија.

Можете да прочитате

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп