Утрински Весник
Свет

Поранешен агент на ФБИ кој 20 години работел за Русија е пронајден мртов во затвор

Поранешен агент на ФБИ кој 20 години работел за Русија е пронајден мртов во затвор

Американскиот двоен шпион кој работел за Русија, Роберт Хансен, бил пронајден мртов во затвор во Денвер, Колорадо.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува Би-Би-Си, Хансен бил поранешен агент на ФБИ, а во 1985 година почнал да испраќа доверливи информации до Советскиот Сојуз.

На веб-страницата на ФБИ се наведува дека тој „компромитирал бројни човечки ресурси, контраразузнавачки техники, истраги, десетици доверливи документи на американската влада и технички операции од исклучителна важност и вредност“.

Иако повремено се сомневаа во неговите активности, тој не беше фатен со години.

Откако ФБИ го уапси шпионот Олдрих Хазен Ејмс во 1994 година, и откако беше утврдено дека информациите сè уште стигнуваат до Советскиот Сојуз, истрагата на Бирото за Хансен се интензивираше.

Тој требаше да се пензионира, па ФБИ брзо тргна да се обиде да го фати на дело.

„Она што сакавме беше да добиеме доволно докази за да го осудиме, а крајната цел беше да го фатиме на дело“, изјави поранешната заменик помошник директор на Одделот за контраразузнавање на ФБИ, Дебра Еванс Смит.

Хансен почнал да работи во својата нова канцеларија, во која имало скриени камери и микрофони, во седиштето на ФБИ во јануари 2001 година, по што бил уапсен.

https://www.youtube.com/watch?v=8dm68DBT4xI

Тој во 2002 година беше осуден на доживотен затвор за шпионажа.

Британскиот јавен сервис објави дека Хансен добил повеќе од 1,4 милиони долари во готовина, дијаманти и пари за време кога испраќал информации во Москва.

Можете да прочитате

Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мерилденд

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

Стапуваат во сила дополнителните обврски од ДСА за „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“