Утрински Весник
Македонија

Поради Задушница, посебен сообраќаен режим во петок и сабота во Скопје

Автобус на ЈСП нагло закочил и удрил во рампа, повредени најмалку две лица

Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај утре и задутре (02/03.06, петок и сабота) а поради претстојниот верскиот празник Задушница, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

Имено, со почеток од 06.00 часот на 02.06. сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул. “Бутелска“, лево по ул. “Александар Урдаревски“, лево по ул. “Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта – десно по ул. “Боца Иванова“, до кружниот тек на ул. “Бутелска“, па лево по ул. “Бутелска“ и десно по ул. “Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и по улиците кај гробишта во Камник и во Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај

Можете да прочитате

Втор циклус за аплицирање во рамките на заедничкиот проект  „Култура и креативност за Западен Балкан”

Променливо облачно, попладне локални врнежи од дожд

Николоски: Од Прилеп му порачуваме на ДУИ, претседател на Македонија се бирало, се бира и ќе се бира од граѓаните на непосредни избори