Утрински Весник
Македонија

Поради висок водостој затворен за сообраќај мостот на реката Вардар кај Башино село

N31srz3yqgru8sbuokbe.webp.webp
Dik 300x250 mk

Сообраќајот на регионалниот патен правец Р1312 на мостот на реката Вардар кај Башино село ќе биде времено затворен за сообраќај за сите видови на возила поради висок водостој на реката Вардар, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Зголемен е водостојот на поголемиот дел од реките споредено со априлскиот просек. Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утрово во 07:30 часот покажуваат дека е зголемено нивото на Вардар кај Јегуновце, Скопје Железнички мост, Лепенец, Велес и Демир Капија.


УХМР регистрира зголемен водостој и на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Берово и Штип, Црна Река кај Новаци.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во 9, ВРЕДИ во 8 и НАИ во 5 општини

Мицкоски: Победа во над 30 општини, Орце води убедливо во Скопје

Филипче: Резултатот не е крај, туку почеток на консолидацијата на СДСМ