Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (четврток) поради дефект на затварач од ф 80мм на ул. Букурешка бб, без вода ке останат корисниците на дел од ул. Букурешка, ул. Дамаска, ул. Прашка и ОУ. Јан Амос Коменски.
Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Исто така утре, поради дефект на приклучна цевка од 5/4 мм на бул. 3-ТА Македонска Бригада-објект на ЕВН, без вода ке останат корисниците на дел од ул. Пролет, дел од бул. 3-ТА Македонска Бригада, ул. Ленинградска и ул. Тетовска.
Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.