Утрински Весник
Скопје

Поради дефект без парно се делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода

Parno.jpg

ЕСМ Снабдување информира дека поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија.

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

Можете да прочитате

Жители на Шуто Оризари во трка со времето: Соседите сами го гаснат големиот пожар

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии

Жичницата на Водно нема да работи од вторник до петок