Утрински Весник
Свет

Поплави на југот во Германија; Метеоролозите: Оваа количина дожд паѓа еднаш во еден век

Ge1.jpg

Неколку подрачја во јужна Германија доживеале врнежи, кои обично се случуваат само еднаш во 50 до 100 години, според прелиминарните податоци на Германската метеоролошка служба (DWD).

Обилните дождови и големите поплави во двете најјужни германски покраини со денови предизвикуваат големи тешкотии, а десетици илјади служби за итни случаи континуирано се на терен од петокот вечерта.

Илјадници луѓе беа евакуирани во текот на изминатите неколку дена, а се очекува повеќе да ги напуштат своите домови поради обилните дождови што ја погодија јужна Германија предизвикувајќи надоаѓање на реките.

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а најмалку еден пожарникар сè уште се води за исчезнат.

Метеорологот на DWD, Томас Дојчландер, рече дека врнежите може да се опишат како настан што се случува еднаш во векот и дека се секако невообичаени.

Вкупно 20-30 мерни станици во јужна Германија покажаа екстремно високи водостои.

Некои екстремни вредности се поврзани со врнежи во еден ден, а други се поврзани со врнежи во текот на три последователни дена, објасни „Дојчландер“.

Можете да прочитате

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ 

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос