Утрински Весник
Свет

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

1708002705 whatsapp image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар. Поради надојдената вода евакуирани се жителите од неколку згради.

Според Германската метеоролошка служба во Сар вчера наврнале повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар за помалку од 24 часа.

Според досегашните информации, во силното невреме нема жртви, а при евакуацијата едно лице е повредено.

Голем број патишта во Сар сè уште се затворени, а ограничен е и железничкиот сообраќај.

Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц најави дека ќе ја посети поплавената област.

Поради обилните дождови зголемена е готовност и на надлежните служби и во Саксонија, Тирингија и Баварија.

Можете да прочитате

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван