Утрински Весник
Македонија

Пониква ги задоволува условите за лекување, 45 повредени од пожарот во „Пулс“ ја започнаа рехабилитацијата

Image 231685.jpeg

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“.

Со нив работат лекари специјалисти од Клинилата за пластична хорургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија.


„Престојот на повредените им годи, без разлика на забелешките што ги имаше, овде нема комарци, а временските услови се идеални, со што условите сосема им ги задоволуваат потребите. Превентивно носат долги ракави, заштитени се, не излегуваат преку ден на сончева светлина, а во вечерните часови се физички активни и ги користат опремените игралишта, со што некои постепено се враќаат на своите нормални спортски активности од претходно. Сите се вклучени во системот „Мој термин“ во рамки на проектот за рехабилитација на Пониква – истакна Катерина Мирчовска, в.д. директорка на Општата болница со проширена дејност“, Кочани.

На Одделот за хирургија во болницата во Кочани веќе се обезбедени услови за ПРП терапијата на повредените според списокот што е добиен од Клиниката за пластична хирургија.

„Терапијата ќе се спроведе в петок во соработка со специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија од Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Во нашата болница ќе продолжи и физикалната терапија за 16 повредени, оваа недела ќе се реализира во втора смена, во адаптираните простории на хирургија. Дополнително, стигнаа и повредените од болницата „Пирогов“ во Софија кои ќе се вклучат во терапијата во болницата кај нас, затоа што сѐ уште ќе имаат обврски за прегледи во бугарската здравствена институција. Со оглед што реконструкцијата на просториите за физикална терапија оди според планот, очекуваме за три недели да почнат да се користат условите таму“, додаде Мирчовска.

Во втората група повредени кои ќе престојуваат на Пониква, освен оние на кои име потребна физикална терапија, ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои им завршило лекувањето.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста е: сиромашни граѓани, нови долгови и економски крах

Државата става на продажба три апартмани на Мијалков во Панорама резиденс

Вториот блок на РЕК Битола конечно повторно вклучен во електродистрибутивната мрежа