Утрински Весник
Магазин

Ползењето е исклучително битно за здрав ран развој на детето

Image 2025 12 06 163142131.png

Ползењето (познато и како лазење) е исклучително важно за здравиот ран развој на детето, бидејќи вклучува истовремена координација на повеќе телесни и мозочни функции. Стручњаците нагласуваат дека преку лазењето, децата ги зајакнуваат своите мускули, развиваат координација, рамнотежа и просторна свест, но тоа, исто така, ги поттикнува когнитивните способности и социјалните вештини. Истражувањата покажуваат дека детското ползење игра незаменлива улога во здравиот развој на најмалите. Така, лазењето не е само првиот чекор кон самостојното одење, туку и клучна способност што ги поврзува телото и мозокот, поставувајќи ја основата за целокупен физички и когнитивен развој.

Развој на моторни вештини: Лазењето ги зајакнува мускулите на рацете, нозете, грбот и телото воопшто, што е основа за подоцнежно одење, трчање и други моторни вештини. Тоа помага во развојот на фини моторни вештини, бидејќи детето учи да ги координира рацете и прстите додека ги допира и истражува предметите.

Координација рака – око: Додека лази, детето ги усогласува движењата на рацете и нозете со она што го гледа. Оваа координација подоцна помага, на пр. при пишувањето, фаќање предмети и спортски вештини.

Развој на мозокот: Ползењето вклучува вкрстена координација (раката и спротивната нога се движат истовремено), што ја поттикнува комуникацијата меѓу двете мозочни хемисфери. Ова ги подобрува когнитивните способности, планирањето на движењата и просторното снаоѓање.

Развој на рамнотежа: Детето кое лази, учи да го контролира телото во просторот, и така развива чувство за рамнотежа и свест за положбите на сопственото телото.

Независно истражување и учење: Со лазење, детето ја истражува околината, што ја поттикнува љубопитноста, решавањето проблеми и независноста.

Недостатокот на лазење може да доведе до лоша координација, проблеми со рамнотежата и моторни тешкотии подоцна во животот. Некои истражувања го поврзуваат пропуштањето на фазата на лазење со доцнење во развојот на фините моторни и когнитивните вештини. 

Можете да прочитате

Првпат во историјата на Оскарите еден филм освои дури 16 номинации

Кои се предностите од редовниот тренинг дома во зима

Што се случува со мозокот кога редовно внесуваме омега-3 масни киселини?