Утрински Весник
Свет

Полската полиција заплени околу еден тон хероин вреден 52 милиони евра

Policija polska1.webp.webp

Полската полиција заплени речиси еден тон хероин вреден 52 милиони евра, што е најголемата заплена на дрога во последните години, објавија властите.

Британските медиуми пишуваат дека припадници на полската полиција пронајдоа големо количество наркотици во контејнери што пристигнаа од Обединетите Арапски Емирати во балтичкото пристаниште Гдиња, а властите информации за пратката добиле од британската даночна администрација.


„Не треба да ви кажувам што би се случило доколку такво количество од оваа ужасна дрога стигнеше до полскиот пазар“, рече полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кирвински.

Дрогата била скриена во пратка декоративни тули и била откриена со помош на рендгенска опрема, се додава во соопштението.

Во врска со случајот приведени се тројца полски државјани, а истрагата е сè уште во тек.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд