Утрински Весник
Свет

Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори

Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори

Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори како дел од програмата за нуклеарна енергија, објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

dobivaj vesti na viber

Полската новинска агенција ПАП објави дека Моравјецки рече дека полската нуклеарна програма е поттикната од желбата да се обезбеди енергетска безбедност.

Во петокот Моравјецки на Твитер потврди дека е постигнат договор со САД и Вестингхаус за изградба на првата нуклеарна централа.

„Нуклеарните централи ќе ни помогнат да бидеме независни од каприците на пазарот, трговците со енергија и временските услови“, рече полскиот премиер.

Тој потврди дека инвестирањето во нуклеарна енергија „не значи дека Полска нема да развива обновливи извори на енергија“.

Можете да прочитате

Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија

Пронајдени „значајни“ докази при претрес на домот на еден од осомничените за „Сараево сафари“

„Аријана 6“ успешно лансирана во вселената