Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Полска отстрани четири споменици на Црвената армија: Советите не донесоа ослободување, туку заробеништво

Полска отстрани четири споменици на Црвената армија: Советите не донесоа ослободување, туку заробеништво
Img 7972

Полска денеска отстрани четири споменици на војниците на Црвената армија, изјави директорот на државниот историски институт Карол Навроцки, наведувајќи дека тие претставуваат остатоци од системот кој е виновен за поробување и убивање на својот и на другите народи, вклучително и Полјаците.

dobivaj vesti na viber

„Тоа се споменици на срамот, споменици на презир на победникот над жртвите“, рече Навроцки во Глубчице на југот на Полска, каде беше урнат еден од спомениците.

Тој додаде дека Советите не донеле ослободување на Полска, туку заробеништво, пренесува АП.

Во Глубчице беа уништени обелисци посветени на војниците на Црвената армија кои паднаа во битка со нацистичките трупи во 1945 година, а други споменици беа отстранети од Бичин, Боболица и Сташов.

Од отфрлањето на комунистичкото владеење во 1989 година, Полска активно работи на отстранување на јавните симболи на рускиот комунистички режим, а војната во Украина дополнително придонесе за забрзување на тој тренд.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот