Утрински Весник
Спорт

Полноќниот пенал-рулет на „Емирати“ застана на црвено

Tr.png

Лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Алсенал е чевртфиналист во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите, откако по скоро три часа неизвесност полноќниот пенал-рулет кој го одлучуваше победникот во пресметката со португалскиот Порто на „Емирати“ застана на црвено (4:2 на пенали). По 120 минути игра, регуларните 90 и двапати по 15 минути продолжение средбата заврши 1:0 за Арсенал. Со истиот резултат предноста на домашниот терен ја искористи и Порто (1:0). Стрелец на единствениот гол кој го донесе на сцена пенал-рулетот беше Тросар во 41. минута. Во пенал серијата јунак беше голманот на домаќините Раја кој одбрани два удари на Вендел и Галено во 2. и 4. серија. Меѓу осумте најдобри засега се пласираа: Арсенал, Барселона, ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер сити и Баерн Минхен. Последните двајца патници во четвртфиналето ќе бидат познати по утрешните реванш осминафинални дуели: Атлетико Мадрид-Интер и Борусија Дортмунд-ПСВ.

Можете да прочитате

Адеми погоди Динамо Загреб слави нова шампионска титула

МЗТ Скопје без проблеми стаса до финалето во мак-баскетот каде ќе ја брани титулата

Барнли по една сезона во Премиер лигата се враќа во Чемпионшип дивизијата