Утрински Весник
Спорт

Полноќна „трансфер бомба“ – Коло Муани во ПСЖ

Полноќна „трансфер бомба“ – Коло Муани во ПСЖ
Dik 300x250 mk

ПСЖ го стресе фудбалскиот пазар со „бомбата“ во последните минути од преодниот рок. Рендал Коло Муани во наредните пет години ќе го носи дресот на „светците“. Годишно ќе заработува седум милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Насер Ал-Келаифи и спортскиот сектор на ПСЖ успеаја да ги убедат луѓето од Ајнтрахт и да го реализираат трансферот на Коло Муани. Ајнтрахт не ги доби посакуваните 100.000.000 евра, но многукратно заробити бидејќи пред нешто повеќе од една година го донесе Коло Муани без оштета од Нант.

На крајот ПСЖ трансферот на Коло Муани ќе го чини 90.000.000 евра (фиксниот дел изнесува 75.000.000 евра, останатите 15.000.000 евра можат да се слеат во касата на Ајнтрахт преку бонуси).

Заклучно со трансферот на францускиот репрезентативец, ПСЖ во преодниот рок, во кој остана без Лионел Меси, Нејмар, Марко Верати, Серхио Рамос, потроши на нови играчи 350.000.000 евра.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата