Утрински Весник
Свет
Img 7972

Политико: Резервирани местата за четирите главни функции во Европската унија

Evropski Parlament 1.webp.webp
Img 7972

По изборите за Европскиот парламент, фокусот се префрли на тоа кој ќе заземе една од четирите клучни позиции во Европската унија, но се чини дека тие позиции се веќе резервирани, пишува бриселски Политико.

Порталот наведува дека имало невообичаено ран консензус за главните позиции, па Урсула фон дер Лајен останува претседател на Европската комисија, Португалецот Антонио Кошта станува претседател на Европскиот совет, Роберта Мецола од Малта останува претседател на Европскиот парламент, додека на позицијата шеф на дипломатијата на ЕУ доаѓа Каја Калас од Естонија.

„Ако очекувавте месечни дуели, возбудливи политички акции и бриселски моќници кои вадат остри ножеви за да обезбедат врвни работни места во ЕУ по европските избори, можеби ќе бидете разочарани“, пишува Политико.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација