Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Политичките говори да изостанат од прославите за Илинден за да се избегне лошата слика, предлага ВМРО-Народна

Политичките говори да изостанат од прославите за Илинден за да се избегне лошата слика, предлага  ВМРО-Народна
300x250 opst2

И оваа година за „Илинден“ не изостана лошата слика на македонското секојдневие произлезено од длабоката поделба помеѓу граѓаните, а кое резултираше со повторно сквернавење на најголемиот празник, „2 август – Денот на Републиката и Илинденското востание“, оценуваат од ВМРО-Народна партија.

dobivaj vesti na viber

„Со оглед на тоа како помина овогодинешната но и како се реализирани минатогодишните прослави на „Илинден“ во Крушево, ВМРО-Народна партија смета дека својата идеја од пред една година е сеуште актуелна па уште еднаш упатува повик до сите политички партии, институции и широката македонска јавност“, додаваат од партијата.

ВМРО-Народна партија предлага од идната година политичките говори да изостанат од прославите во Крушево и Пелинце односно на ден пред „Илинден“ да биде организирана свечена академија на која ќе се испратат политички пораки, а на втори август да се организираат достојни културно-уметнички чествувања во меморијалните центри во Крушево и Пелнице.

Сметаат дека со оваа идеја која треба да добие широка поддршка од целата општествено-политичка јавност ќе доведе намалување на поларизацијата на македонското општество како и обединување на граѓанската свест која особено на ваквите големи денови за Републиката треба да испрати јасна порака за колективно единство за сите општествено политички прашања и процеси, кои се во интерес на Северна Македонија.

„Уште еднаш се надеваме дека оваа идеја ќе биде добронамерно примена и прифатена од сите политички субјекти“, питенцираат од ВМРО-Народна.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?