Утрински Весник
Свет

Полициско куче во Америка почина од топлина во автомобилот поради неисправност на климата

Полициско куче во Америка почина од топлина во автомобилот поради неисправност на климата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Четиригодишното полициско куче по име Арон починало од исцрпеност откога било оставено во климатизирано патролно возило, кое неочекувано се исклучило.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил во понеделникот во Хјустон, Тексас, кога полицаец го оставил кучето во „вклучено, климатизирано патролно возило, што е неопходна и вообичаена практика кога партнерот К9 не е активно ангажиран во полициските работи“, соопшти полицијата.

Кога полицискиот партнер на кучето Арон се вратил во возилото, открил дека моторот бил исклучен и дека кучето е во потенцијална опасност.

Арон веднаш бил пренесен во итната ветеринарна клиника, но на крајот подлегнал на топлотна исцрпеност, соопшти полицијата додавајќи дека полициските возила во Хјустон се опремени со систем што го известува возачот за состојбата на автомобилот.

„Тоа не се случи во овој случај“, соопшти полицијата во Хјустон, која сега ќе ја испита смртта на Арон за да утврди што точно се случило и како дошло до дефект со цел да се спречи сличен инцидент.

Можете да прочитате

Белгија ги замрзнува платите на пратениците во следните четири години

Остатоци од украински дрон предизвикаа пожар во руска рафинерија во Славјанск

Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина