Утрински Весник
Македонија

Полициски службеник од Крушево отстранет од работното место оти нападнал свои колеги

Znak Policija Najnov 843x560 1.jpg
300x250 (7)

ОВР Крушево поднесе кривична пријава А.А.(51) од Крушево, полициски службеник во Полициската станица Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”, „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 31.03.2024 во Крушево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево. По извршени проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и дадени се задолжителни мерки да се отстрани од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.   

Ss1

Можете да прочитате

Стојаноска: Со платформата 1198 ќе имаме широк дијалог со синдикатите, жестока борба со корупцијата и економска трансформација

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

Се трага по измамници кои преку телефон вршат измами за наводно случени сообраќајни незгоди