Утрински Весник
Свет

Полицијата утврдила дали напаѓачот од Грац дејствувал сам

Pukanje grac 01.jpg

Според министерот за внатрешни работи на Австрија, Жерар Карнер, во денешното пукање во училиште во Грац имало 9 жртви, шест девојчиња и три момчиња, како и најмалку 12 повредени, од кои половина потешко. Десеттата жртва бил напаѓачот кој дејствувал сам.

„Во овој момент можеме само да шпекулираме кој бил мотивот, истрагата е во тек“, рече тој на прес-конференцијата во 15 часот.


Тој додаде дека полицијата и специјалните единици брзо реагирале.

„За неколку минути откако го слушнаа алармот, истрелите и врисоците, дојде полиција, веднаш потоа и специјалните единици“

Убиецот (21) од Австрија употребил два пиштоли кои биле пронајдени на местото на настанот.

“На местото на настанот беа повеќе од 300 полицајци и обезбедија пристап до училиштето. Ситуацијата беше под контрола за кратко време, а истрагата се уште е во тек. Сторителот се самоуби во тоалетот”, изјавија полицајците на конференцијата, додавајќи дека најверојатно оружјето на убиецот било легално поседувано.

Полицијата и Министерството за внатрешни работи отворија телефонска линија за информирање на семејствата на повредените, чиј број се уште се утврдува.

„Се повикуваат луѓето да не споделуваат фотографии на социјалните мрежи за да не се загрози истрагата“, рекоа официјални лица.

Австрискиот канцелар Кристијан Штокер прогласи тридневна жалост и национална минута молчење утре во 10 часот.

„Денес е тажен ден во историјата на нашата земја. Национална трагедија која длабоко нè потресува. Нема зборови со кои може да се опише тагата на цела Австрија. Во моментите на шок, нашата земја останува силна. Искрено сочувство до родителите кои ги загубија своите деца, браќата и сестрите кои сега треба да живеат без своите најблиски, сочувство за повредените во училиштето. Како родители, луѓе, општество, сите сме погодени од овој инцидент“, рече тој.

Можете да прочитате

Трамп го објави договорот со Кина, цената на нафтата скокна

Ова е масовниот убиец од Грац: Уби 10 луѓе, па изврши самоубиство

Силен земјотрес регистриран на Тајван