Утрински Весник
Македонија

Полицијата уапси седум возачи – 24info.mk

Img 8233.jpeg

Лишени се од слобода седум возачи при полициска контрола на териротија на целата држава. Шест од нив управувале со возилото без дозвола а еден со нерегистрирано возило.

Двајца возачи во Прилеп и по еден во Тетово, Куманово, Неготино и Битола управувале возило без возачка дозвола. Додека, еден возач во Тетово управувал нерегистриран мопед. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Одбраната во „Пулс“ бара ревизија на обвинението и ослободување на лица кои веќе не биле на функција

Усвоени дел од забелешките за Законот за високо образование

Муцунски: Побаравме решенија за македонските возачи и транспортниот сектор при имплементацијата на новите ЕУ системи