Утрински Весник
Свет

Полицијата откри од каде е Иван кој на Колосеумот ги издлаби имињата, момчето може да лежи 5 години во затвор

Полицијата откри од каде е Иван кој на Колосеумот ги издлаби имињата, момчето може да лежи 5 години во затвор
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанската полиција идентификуваше брачен пар од Англија како веројатни виновници, откако видеото на млад човек кој ги издлаби своето и името на својата девојка на ѕидот на римскиот Колосеум стана вирално минатата недела, што предизвика гнев во јавноста.

dobivaj vesti na viber

Во саботата, на социјалните мрежи беше објавено видео на кое млад човек во сина цветна кошула го издлаби своето име и името на неговата девојка во Колосеумот во Рим со клуч. Тој го издлабил натписот „Иван + Хејли 23“.

Италијанската полиција соопшти дека успеала да ја идентификува двојката со помош на фотографски докази.

Извор од полицијата изјави дека младиот човек бил под официјална истрага, но парот ја напуштил земјата пред италијанските власти да ги најдат.

Тој се соочува со парична казна од најмалку 15.000 евра и до пет години затвор доколку биде осуден во Италија.

Можете да прочитате

Остатоци од украински дрон предизвикаа пожар во руска рафинерија во Славјанск

Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо