Утрински Весник
Свет

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

20231026171347 big 730x400 60.webp.webp

Француската полиција денеска уби маж на Корзика кој се заканувал со нож на полицаец, јавија локалните медиуми.

Инцидентот се случил околу 12:30 часот по локално време а мажот се движел низ центарот на Ајачо, минувајќи покрај палатата на Наполеон и полициската префектура.

Канцеларијата на локалниот обвинител ја отфрли претпоставката за терористички напад, наведувајќи дека полицијата прво се обидела да го смири напаѓачот со пиштол со благ електричен шок.

Откако напаѓачот продолжил со заканата, полицајците го застрелале со огнено оружје.

Според првичните информации од истрагата, станува збор за 26-годишен маж со белгиски пасош по име Мухамег Геџе. Тој влегол во Франција со студентска виза.

Можете да прочитате

Кос: Членство на Украина во ЕУ до 2027 година е „невозможно“

Иран ги прекина испораките на гас за Турција

Двојни цени за гориво: 2,6 евра за странци, 1,62 евра за Унгарци