Утрински Весник
Македонија

Полицијата фати шверцери на цигари, лишени од слобода три лица за даночно затајување и недозволена трговија

Mvr Policija 4.jpg

На 02.10.2025 во 01:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода М.З.(49) од Скопје и М.М.(27) и Д.П.(24), двајцата од Република Србија. Претходно, на клучка Радишани, полициски службеници ги затекнале лицата како од возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во товарно возило „ман“ со приколка со српски национални ознаки префрлаат кутии со цигари.

Возилата и цигарите се одземени, а по насока на јавен обвинител лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против М.З. ќе биде поднесена пријава за „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик, додека, против српските државјани ќе биде поднесена пријава за „недозволена трговија“ по член277 од кривичниот законик.


Можете да прочитате

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти

Приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца со активна забрана

Во Брвеница до 15 часот гласале 5.064 граѓани