Утрински Весник
Македонија

Полицијата ја бара 23-годишната Теодора и нејзината двегодишна ќерка

Img 3991.png

Марјанчо Малинов од Велес вчера пријавил во полиција дека неговата 23-годишна ќерка Теодора се оддалечила од домот во непознат правец, заедно со нејзината двегодишна ќерка, пренесува „Фокус“.

„Загрижен сум затоа што не знам каде се, со неа е внуката која има само две години. Теодора е среде бракоразводна постапка, сопругот ѝ е во притвор, и таа две години живееше со нас. Има свој кат во куќата за неа и за внуката“, изјавил Марјанчо за „Фокус“.

Марјанчо објаснил дека на денот кога заминала, дома имале расправија. Подоцна дознал дека Теодора со автобус заминала за Струмица, но оттогаш нема информации за нејзината локација.

Случајот е пријавен во полиција, а потрагата по Теодора и нејзината двегодишна ќерка продолжува.

Можете да прочитате

Зајкова за Први мај: Наполнете гориво на време „имам чувство“ дека цената ќе оди нагоре

СВР Струмица со кривична пријава против екс градоначалникот Костадинов и уште четири други лица

Преку „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа поминале 14.000 патници