Утрински Весник
Македонија

Полиција од Охрид учествуваше на вежба за авион со запален мотор охридскиот аеродром

Ohridski Aerodrom 768x512 1.jpg

Полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со запален мотор на полетување“ што се одржа на охридскиот аеродром „ Св.Апостол Павле“.  

Полицајците ги спроведоа предвидените мерки согласно безбедносните протоколи и постапија по план за преземање активности за реакција и поддршка во услови на појава на безбедносни инциденти на воздухоплов.

Целта беше подигнување на степенот на оперативност на предвидените тактичко технички мерки на сите служби во насока на брза и ефикасна реакција при случаи на појава на безбедносен инцидент со воздухоплов, ажурирање на координативните мерки , меѓусебната комуникација и информирање за инциденти и сл.  

Во вежбата учество зедоа ТАВ „Аеродром“- Охрид, АКЛ, противпожарни екипи од „ТАВ“ и ТППЕ „Охрид“ и ТППЕ „Струга“, медицински екипи од „ТАВ“ и амбуланта „Охрид“ и „Струга“, „Црвен Крст“. 

Вежбата успешно заврши со покажана висока ефективност во реализацијата на предвидените безбедносни мерки

Можете да прочитате

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја саботира институционалната постапка за Алта банка

ЕСМ: Платата ќе биде во законскиот рок, се ажурираат податоци на вработени