Утрински Весник
Македонија

Полицајка на ГП „Богородица“ е отстранета од работа поради примање поткуп

Полицајка на ГП „Богородица“ е отстранета од работа поради примање поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против С.А., полициска службеничка во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“ по член 357 ст.1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Пријавената на 21.12.2022 околу 12 часот побарала и примила поткуп (пари) за да не изврши службено дејствие кое била должна да го изврши, односно да не ги евидентира оштетените (грчка државјанка и нејзиниот сопатник) во системот на контрола на патници и возила дека оствариле излез од Република Северна Македонија кон Република Грција.

Против С.А. е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место.

Можете да прочитате

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“

Изречена казна затвор од една година во првата осудителна пресуда во Македонија за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација