Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Полицајците кои игнорирале противзаконско однесување ќе бидат казнети, најави Јанев директор на БЈБ

Janev policija 1536x864 1.jpg
Dik 300x250 mk

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, денес најави санкција за секој полициски службеник кој нема да постапува согласно законите и кодексот за етичност и интегритет. Ова доаѓа по двата случаи кои беа објавени овие два дена. Првиот со полицаецот кој стои кај Градска болница додека возила поминуваат на две полни линии за да се приклучат на летните за спротивна насока, а вториот за полицаецот во Дебар маало со „Поршето“ на ексамбасадорот Срѓан Керим.

„Не отстапуваме од нашата одлучност за чесно, професионално и со висок интегритет извршување на полициската должност. Максимално транспарентно и посветено се проверуваат сите околности на (не)постапувањето на полициските службеници во двете ситуации за кои јавноста оправдано реагира. Полицијата е тука да ги спроведува законите фер и без исклучоци, да ги брани правата на сите, без разлика на потекло или припадност. Никој, без разлика на неговата позиција, не е над законот! Никој не смее и нема да дозволиме да отстапува од кодексот и постапување со етичност и интегритет. Секое однесување што ја нарушува довербата на граѓаните треба и ќе биде откриено и санкционирано. Апелирам до сите чесни и совесни граѓани да се приклучат во откривање на секое несовесно, неодговорно или непрофесионално работење на кој било припадник на полицијата. Заедно, да ја изградиме полицијата како вистински сервис за народот, а не како сила која владее со него”, истакна Јанев.


Можете да прочитате

Љутков на конференцијата „Game Dev Rev 2025″: Да изградиме индустрија што ќе создава игри со македонски печат и глобален потенцијал

Царина и Централен регистар договорија е-размена на податоци за царински долг – хартиените потврди наскоро заминуваат во историјата

„Сцена за сечиј сон” – Отворен 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров” во Скопје