Утрински Весник
Македонија

Полека Македонија потпаѓа под влијание на циклонот од Џенова – Наскоро од запад започнуваат врнежи, а ќе дува и силен јужен ветер!

T2m 025 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (четврток) постепено од запад облачноста ќе се зголемува, и полека ќе потпаѓаме под влијание на циклонот кој е со центар над Џенова. Во ваква ситуација ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Во попладневните часови и во ноќните часови кон вторник во западните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд. Во петок врнежите ќе се прошират во поголем дел од Македонија  и ќе бидат пообилни, локално проследени со силен ветер, грмежи (локално во вид на невреме).

Што се однесува до температурите денес (четврток) максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 28 степени. И во Скопје и околината повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД