Утрински Весник
Свет

Покровск речиси целосно под руска контрола

Ukraina.webp.webp

Големи делови од градот Покровск во регионот Донецк се под руска контрола, јавува „Украинска правда“, повикувајќи се на локални извори. Според нив, украинските позиции се задржани само на северниот раб од градот, додека подрачјето под железничката линија целосно го контролираат руските сили.

Украинските извори велат дека обидите за повторно преземање на градот биле задоцнети и неуспешни поради големото присуство на руски војници.

Дополнително, руската доминација со беспилотни летала, особено единицата „Рубикон“, ја нарушила украинската логистика и одбранбени ротации.

„Украинска правда“ оценува дека ситуацијата на терен е полоша од она што го прикажуваат официјалните мапи и дека Покровск, во оперативна смисла, е практично изгубен.

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон