Утрински Весник
Македонија

Покрената петиција за намалување на цените на меѓуградскиот превоз

Peticija.jpg

Ние, граѓани и работници кои секојдневно патуваат меѓу градовите поради работа, образование и други неопходни обврски, покренаа онлајн петиција преку која бараат намалување на цените на меѓуградскиот превоз кои се зголемија од први септември.

„Од 1 септември 2026 година, месечниот билет на релацијата Тетово–Скопје е зголемен од 5.500 на 6.500 денари.
Тоа се 1.000 денари повеќе месечно или 12.000 денари повеќе годишно, односно 78.000 денари годишно само за патување до работа.

За работник со плата од 26.000 денари, билетот од 6.500 денари претставува 25% од целата месечна плата.
Ова е само пример. Ист проблем имаат и граѓаните кои секојдневно патуваат од Куманово, Велес, Штип, Прилеп, Битола и другите градови до своето работно место или место на образование.

КУМАНОВО–СКОПЈЕ: 6.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

На релацијата Куманово–Скопје, месечниот билет изнесува 6.000 денари.

И во овој случај, за голем број работници, трошокот за превоз претставува значителен дел од месечните приходи.
Кога на цената на билетот ќе се додадат храна, домување, сметки и останатите основни животни трошоци, секојдневното патување станува сериозен удар врз семејниот буџет.

ГОСТИВАР–СКОПЈЕ: ДУРИ 8.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

Особено загрижувачка е цената на месечниот билет на релацијата Гостивар–Скопје, која достигнува 8.000 денари.
Тоа значи 96.000 денари годишно само за превоз до и од работното место.

За работник со плата од 26.000 денари, 8.000 денари претставуваат повеќе од 30% од месечната плата. Значи, во зависност од градот од кој доаѓаат, граѓаните се соочуваат со трошок од 6.000, 6.500 или 8.000 денари месечно, само за да можат да стигнат до работното место или местото на образование“ велат од петицијата.

 Петицијата „За фер цени на меѓуградскиот превоз” во себе содржи неколку барања:

• преиспитување на последното зголемување на цените;
• транспарентно образложение за економската основа на поскапувањето;
• институционална контрола и надзор;
• навремено и јавно информирање на патниците при секоја промена на цените;
• поповолни модели за редовни патници, семејства, ученици и студенти;
• разгледување на можноста за системско покривање или надоместување на трошоците за превоз до и од работното место.

Петицијата може да се потпише и сподели на следниот линк

Можете да прочитате

И утрово гужви на ГП Богородица

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски– затоа ова е Организирана криминална група

Голем пожар на македонско-косовската граница, чадот се шири кон Скопје