Утрински Весник
Спорт

Покрај тренинзите, тенисерот најде време и за забава

Novak 1.jpg

Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи сподели видео за инсектот и полжавот кои го носат неговото име.

Вториот тенисер во светот заедно со видеото објави и т.н „емоции“ со бубачки, полжави, српско и црногорско знаме, како и споени раце во знак на благодарност.

Во 2022 година, српските научници открија редок вид на тврдокорен инсект, именуван по Ѓоковиќ поради неговата борбеност, упорност и способност да издржи сурови и често непријатни услови.

Во 2021 година, научниците пронајдоа редок и загрозен вид полжав во Црна Гора. Тие се надеваат дека името ќе помогне да се привлече вниманието за да се спаси видот од исчезнување.

Цврст, упорен и стабилен едноставно тоа е Новак Ѓоковиќ

Вимблдон започнува на 1 јули, Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Чехот Вито Коприва.

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026