Утрински Весник
Спорт

Покетино за победата над Астон вила: Тоа беше најдобриот натпревар на Челзи сезонава

20240208074708 Big 730x400 97.webp.webp

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино, е задоволен од настапот на тимот во натпреварот од четвртото коло од ФА купот со Астон вила.

„Сините“ од Лондон синоќа на гостински терен забележаа победа со 3:1.

– Тоа беше еден од најдобрите, можеби и најдобриот наш настап во сезоната. Многу сум задоволен од играта и од тоа како играчите уживаа во фудбалот. Ова најмногу ме радуваше. Ние сме млада екипа, а да се биде стабилен е најтешко за една млада екипа. Со млад тим, најтешко е да се најде рамнотежа, изјави Покетино.

Челзи се пласираше во осминафиналето каде за противник ќе го има тимот на Лидс. Натпреварот ќе се одигра на 28 февруари.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл