Утрински Весник
Македонија

ПОГОЛЕМ ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНЕШНАТА НОЌ И УТРЕ: НАЈАВА ЗА ОБИЛНИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ НА ВИСОКИТЕ ПЛАНИНИ!

5c 1050x525 1.jpg
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Поповски:

Планините со надморска височина од над 1700 – 1800 метри, а особено оние над 2000 метри вака ќе изгледаат со новиот влажен бран кој ќе не зафати во текот на денешната вечер, ноќта кон петок и во петок

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

На овие планини ќе има обилни врнежи од снег, со што ќе се формира и позначителна снежна покривка, особено на оние планини со надморска височина од над 2000 метри, и тие кои се наоѓаат во северозападните, западните и јужните предели од Македонија.

ОЧЕКУВНА СНЕЖНА ПОКРИВКА: Од 10 до 20 сантиметри, локално и над 30 сантимери, особено над 2000 метри надморска височина!

Инаку на пониските места ќе врне дожд, и локално врнежите ќе бидат обилни, особено во западните и јужните предели од дожавава, каде локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од југоисточен праве (над 60 км/час).

Инаку фотографијата доаѓа од Ливињо, северна Италија, со што решивме со нејзе да ја направиме оваа најава! 

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!