Утрински Весник
Свет

Погоден магацин на УНРВА во Рафа, голем број повредени

Gaza.webp.webp

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека денеска е погоден еден од нејзините магацини во Рафа, град на југот на Појасот Газа и дека „голем број луѓе се повредени“.

„Можеме да потврдиме дека центарот за складирање и дистрибуција на агенцијата УНРВА во Рафа е погоден“, рече Жулиет Тума, портпаролка на агенцијата на ОН.

Таа истакна дека засега немаат информации што точно се случило, ниту за бројот на вработени во агенцијата кои се повредени.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека во „бомбардирање на магацин“ убиени се четири лица. 

Можете да прочитате

Иран го нападна Азербејџан, повредени двајца цивили

Иран демантира дека лансирал ракета кон Турција

Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените