Утрински Весник
Македонија

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по повод празникот Голема Богородица ќе чиноначалствува со богослужбата во манастирот во Матка

20240827160222 Big 730x400 97.webp.webp

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот кај Матка утрово во 8:30 часот ќе се одржи богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. 

Традиционално на овој ден во манастирот се одржува општонароден собир и крводарителска акција. 

Синоќа во пресрет на еден од најголемите христијански празници кај народот познат како Голема Богородица се одржа вечерна богослужба и сеноќно бдеење. 

На овој ден илјадници скопјани и жители од други делови на земјата, христијани, но и муслимани доаѓаат во манастирот да се помолат за здравје пред Мајката Божја. 

Можете да прочитате

СДСМ: Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави

Јубилејно издание на Абецедарот – Буквар за македонските деца во Грција

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа