Утрински Весник
Култура

„Поетроника“ в четврток на големата сцена на МНТ

„Поетроника“ в четврток на големата сцена на МНТ

Македонскиот народен театар ве кани на несекојдневно доживување со македонската поезија ставена во современ музички контекст.

dobivaj vesti na viber

В четврток на 8 јуни, со почеток во 21:00 часот на големата сцена ќе се одржи „Поетроника“, проект кој претставува повеќе од едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо, а ќе биде изведен од страна на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе како резултат на нивната посветеност и повеќемесечно експериментирање.

Покрај спецификата дека станува збор конкретно за македонско поетско творештво опфаќајќи ги хронолошки сите генерации поети, „Поетроника“ се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се труди да ги избегне стереотипите за тоа како се интерпретира и каква музичка форма прилега на едно поетско изразување. Длабоко интимна и емотивна симбиоза од електроника, амбиент, џез-елементи и драмска нарација лишена од баналност и патетика.

Проектот е, исто така, некој вид сведоштво за континуитетот и конзистентноста на македонското поетско творештво особено во време кога повторно јазикот, идентитетот и правото на културна самоидентификација се доведени во прашање.

Повеќе информации на следниот линк: https://mnt.mk/repertoar/eventdetail/1437/-/poetronika

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата во МНТ, како и онлајн на веб-страницата www.mnt.mk.

ПР

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“