Утрински Весник
Македонија

Подобрувањето на политичката понуда е клучен чекор кон подобра демократија

Img 8597.jpeg

Колумна на Професор Анастасовски Иван

Кога се во прашање изборите без оглед дали станува збор за претседателски, парламентарни или локални избори, многу е значајно каква ќе биде политичката понуда, дали таа ќе се однесува на квалитетот, разновидноста и искреноста на кандидатите што им се нудат на граѓаните (избирачите).

Дилема е тоа дали политичките партии секогаш пред избори наметнуваат политичка клима каде доминира негативизмот кој се огледа во навредата, оцрнувањето и омаловажувањето наспроти позитивизмот кој се огледа во понудата, пофалбата и охрабрувањето. Жално е што најголемиот процент од избирачите се партиски етаблирани и цврсто веруваат во кадровската понуда која им ја сервира партијата или пак лидерот како самоволие.


Верувам дека со секој нов изборен циклус би тербало да се подига политичката култура која пред се сѐ огледа во изборот за тоа кога ќе гласаме или кого ќе поддржуваме, но она што е клучно за демократските процеси е тоа како да се подобри политичката понуда особено во делот на кадрите кои се нудат а во најголем процент се партиски знаменосачи и партиски активисти.

Затоа би тргнал по некој редослед на скромни препораки, но верувам за некои од овие препораки сум пишувал многупати предходно, но сепак повторувањето е мајка на знаењето, и тоа треба да се фокусираме на поголема транспарентност и отчетност кај политичките партии при избор на кандидат/ки преку споредување на биографии на истите и мерења на нивните ставови ако ги имале за одредени состојби во државата или во општината кај гравитираат.

Понатака, демократски избори во партиите, наместо избор насловен како ќе рече шефот или ми рекоа “одозгора„ од врвот, туку поголема можност да се слушне што поголем форум и да се сондираат повеќе различни размилувања па макар и не се по ваша мерка. Исто така, не е лошо да се размислува за отворени конкурси за кандидати, каде граѓаните или членовите на партијата можат да предложат квалитетни луѓе (за мене доказ за квалитет е биографија на еден поединец), потоа политичките партии треба да размилуваат многу сериозно да поддржуваат нови и независни кандидати оти проветрување на партиските простории е многу потребен процес.

Исто така треба да се размислува околу бариерите за влез во политика или политичките партии на нови свежи кадри кои имаат нова поинаква матрица, знам поединци кои мислат дека само тие имаат право над одредна политичка партија оти декларираат дека таму се “родени“ а не во болница и тоа им е како загарантирано право ним и само ним, и се што е ново им би посакало да се приклучи таквите ликови веднаш успеваат да ги одвратат поединците и да дојде до разочарување кај новите луѓе.

Значајно е да има многу поголема улога на граѓанските организации и медиумите во едукација на гласачите и разобличувањето на манипулациите кои ги врашат политичките партии, со организирање на дебати, форумски дискусии, истражувања за квалитетот на програмите, а не партиски (штабски) седења со чашка ракија во некоја мала просторија се со цел да може нивниот фаворите да помине и да биде единствен кандидат.

Логиката секогаш говори дека едуцираното гласачко тело бара многу поквалитетна понуда и од тие причини многу пати низ изборите наназад таа групација на слободни гласачи апстинирале и не излегувале на избори што во принцип е нивна легитимна одлука. Ја лично би сакал да видам што поголема инклузивност и разновидност преку поголема застапеност на жените, младите, етнички заедници, како и лица со попреченост во изборниот процес, оти тоа води до поголем спектар на идеи и подобра поврзаност со реалните потреби на граѓаните и оан што се нивните потреби за поквалитетен живот.

Мислам дека е време да се организираат “маалски“ јавни дебати и трибини каде ќе се повикат сите кандидати/тки од различни партии и независни лица на јавна дебата во твоето место на живеење, оти од тебе зависи и токму за тебе и твојата иднина се работи во секој изборен процес.

На вакви маалски јавни дебати а не партиски ќе бидат вклучени соседите кои би можеле да постават прашања кон претендентите, оти на партиските собири за цело време едни исти партиски активисти трчаат од штаб до штаб за сопствени лукративни причини, а со поширок и независен спектар на луѓе реално е да во фокусот на дебатата ќе бидат реалните проблеми како што се инфраструктурата, образованието, социјалата, здравството, спортот, корупцијата и слично, и згора на тоа со новите технологии може да се врши и пренос во живо преку социјални мрежи.

За темата гредење на политичка култура во делот на избор на кандидат/ки или во делот за тоа кого релано сакаме да гласаме во секој изборен циклус може да се пишува на долго и на широко, но еве да почнам од некаде, но и да алудирам на тоа политичките партии преку прес конференции да не се фокусираат само на црна кампања за оцрнување на поединци и групи, туку нека се насочат кон тоа што навистина можат да понудат како потреба за граѓаните.

На крајот ќе укажам на дека ограничувањето на политичката клиентела и корупција пред секои избори е тоа кога партиите се користат само за вработувања и тендери, преку што ги контролираат “своите“ гласачи (читај вработувања) и воедно преку тендерите обезбедуваат финансирање на сопствената кампања. Затоа сега е период кога ќе бараме отчет за сработеното или несработеното на актуелните градоначалници но и нова реална понуда на тие што претендираат да бидат нови шефови, но секап клучната поента на овие избори се локалните проблеми кои ги има нагомила наталожени и можни решенија за решавање на истите.

Конечно, демократијата е процес каде народот е важен и тој одлучува но не тоа да се сведе само на тоа да народот е важен само неделите или евентулано средите кога кога има избори и да се користат луѓето само за гласање, туку да им се даде таква можност да можат да ги евалуираат кандидатите/тките во текот на своето владеење, при што многу од нив нема можат да го довршат мандатот
.

Можете да прочитате

во рамките на Демант: Никогаш немало проект за тренирање на магариња во Erasmus+ програмата

Следува краткотраен продор на умерен топол бран од Африка!

Три пожари се активни до 18 часот – гори Јасен и Парк шума Водно