Утрински Весник
Македонија

Поднесено обвинение против пратеникот Јанчев за несреќата во Марино од 14 септември

Soobracajka 1 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена. Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата. Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“ и не се придржувал до сообраќајните прописи, со што го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците. – „Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.

Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги. Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.

Можете да прочитате

Почина Драган Б. Костиќ – 24info.mk

Манасиевски: Новите лица на Филипче се старите кадри на Заев со кои СДСМ ќе падне под 100.000 гласови

Петрушевски: Преку местење тендери кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за два милиона евра